Работи што треба да ги знаете
Може да добиваме лични информации за вас врз основа на вашата интеракција со нас на платформите на друштвените медиуми, доколку поднесете апликација за работа, практикантска работа или за стипендија, доколку сте доброволец како член на заедницата на Mozilla, или доколку поднесете повратен одговор од корисник или барање до нас, или ако се ангажирате во некој производ или кампања за политики.
-
Друштвени медиуми: Ако сте активни на нашите сметки на друштвените медиуми, на пр. на Twitter и Facebook, можно е да добиваме лични информации за вас. Ако ги користите овие мрежи, треба да знаете дека се применуваат нивните политики на приватност и ве советуваме да ги прочитате.
-
Кандидати за работа, практикантска работа и стипендија: Од кандидатите за вработување, практикантска работа или стипендија од Mozilla се бара да ни достават име, адреса, телефонски број, адреса на е-пошта и кратка биографија. Овие информации ги користиме за да ги обработиме и оцениме апликациите и за да комуницираме со кандидатите околу можностите што се нудат. Во обработката на апликациите за вработување ни помага независен давател на услуги. За повеќе информации околу обработката на податоци преку независните даватели на услуги (трети страни), погледнете ја нашата Mozilla Политика на приватност.
-
Соработници: Вашето доброволно работење за Mozilla како член на заедницата може да подразбира Mozilla и други лица да комуницираат со вас преку адресата на е-пошта што ја имате дадено во врска со вашата соработка, но и со цел да ви оддадеме признание за вашите напори. Ако придонесувате со Bugzilla, Mozilla Reps или нашата база на кодови, тогаш вашата адреса на е-пошта, а најверојатно и вашето име ќе им бидат јавно достапни на сите корисници на интернет. Ако креирате профил на Mozillians.org, до него ќе имаат пристап вработените на Mozilla и соработниците на Mozilla. Податоците на вашиот профил може да ги уредувате на Поставки за профил. Понекогаш користиме информации за соработник од извори (како на пример Bugzilla) на информативните табли, за да ги споделиме визуелно собраните податоци со заедницата на Mozilla. Еден таков пример еhttps://wiki.mozilla.org/Contribute/Dashboards. Ако е можно, се обидуваме да ги сведеме на минимум информациите за контакт што се јавно достапни.
-
Повратни информации од корисникот: Може да ни пратите повратни информации за нашите производи и услуги на веб-страници како што се input.mozilla.org, преку искуство за производ или преку канали какви што се е-пошта, Bugzilla, IRC, сметка на друштвен медиум, нашата страница Get Involved или преку група каква што е Student Ambassadors. Сведете ги на минимум личните информации што ќе изберете да ги споделувате на овие форуми, затоа што вашите коментари може да бидат јавно достапни.
-
Сметки: Некои веб-локации, на пр. Marketplace, AMO, MDN и Webmaker, бараат да се креира сметка за да може да се поднесуваат програмерски содржини; за да се поднесуваат рецензии на корисници или коментари; или за да се инсталираат одредени типови апликации. Може повремено да добивате е-пораки за вашата сметка.
-
Кампањи за производи и политики: На некои од нашите веб-страници се претставени кампањи за производи или политики. На пример, може да побарате врска преку е-порака или SMS за инсталирање на Firefox на мобилниот уред или да поднесете петиција до вашите законодавци за прашања поврзани со интернетот. За управување со овие кампањи и за ракување со податоците што ги поднесувате користиме услуги од трети страни.
Користиме колачиња, чисти GIF-датотеки, веб-аналитика од трети страни и IP-адреси за функционалност и за подобрување на нашите производи, услуги и комуникации.
-
Функционалност: Може да користиме колачиња, информации за уредот и IP-адреси за да ја подобриме функционалноста на одредени производи, услуги и комуникации. На пример:
- Колачињата се користат за да се запомни поставката за вашиот јазик на Firefox и додатоците на Firefox. Исто така, тие помагаат при најавувањето и автентикацијата на корисникот, за да не мора постојано да ги внесувате лозинките на одредени веб-локации на Mozilla.
- IP-адресите се користат за приспособување на комуникациите според јазикот и земјата.
- Информациите за уредот, како што се земјата, јазикот, операторот и производителот, може да се користат за приспособување на вашето искуство на Firefox Marketplace и Webmaker.
-
Метрика: Може да користиме и колачиња, информации за уредите и IP-адреси, како и чисти GIF-датотеки и услуги од трети страни за да анализираме сумарни информации за тоа како корисниците ги користат нашите производи, услуги, комуникации, веб-локации, кампањи на интернет, исечоци, уреди и други платформи. Користиме:
- Google Analytics, којшто поставува колаче на вашиот уред, за да добиеме метрика во врска со начинот на кој корисниците ги користат нашите веб-локации. Ова ни помага да ја подобриме содржината на веб-локациите.
- Optimizely и ShareProgress, коишто поставуваат колаче на вашиот уред, за да ни помогнат да ги тестираме варијациите на веб-содржините. Ова ни помага да им понудиме подобро веб-искуство на корисниците.
- DoubleClick и Flashtalking, коишто користат чиста GIF-датотека на нашата страница за преземање на Firefox. Ова ни помага да ја мериме ефикасноста на нашите рекламни кампањи.
- Yahoo Dot Pixel, што користи JavaScript на нашата страница за преземање на Firefox. Ова ни помага да ја измериме ефикасноста на нашите рекламни кампањи.
- Податоци за препораки преку HTTP, што може да бидат вклучени во програмата за инсталирање на Firefox, за да го дознаеме доменот на веб-локацијата или рекламната кампања каде што ви било препорачано да ја посетите нашата страница за преземање. Овие информации ни помагаат да ја мериме ефикасноста на нашите рекламни кампањи и да ги подобруваме.
- Други алатки за повремена метрика, на експериментална основа. На пример, тоа може да го правиме со цел да ни помогне во оценувањето на нова алатка за метрика или за да тестираме постојна збирка од алатки за метрика.
Може да контролирате поединечни претпочитани вредности за колачињата, да им ги покажете претпочитаните вредности за колачињата на други лица, да избирате е-пораки што содржат само текст или да се откажете од користење веб-аналитика и алатки за оптимизација.
-
Не ме следи: Mozilla не ги следи корисниците кога посетуваат веб-локации на трети страни за да обезбедува насочено рекламирање. Ако сте го конфигурирале прелистувачот да испраќа сигнал „Не ме следи“ кога пристапувате до нашите веб-локации, Mozilla нема да ги користи алатките наведени во делот Метрика.
-
Е-пошта: Приемот на нашите рекламни комуникации не е задолжителен и може да се откажете од нивно користење во подножјето на е-пораката или со ажурирање на вашите Mozilla Претпочитани вредности за е-пошта. Функцијата за чисти GIF-датотеки може да ја оневозможите со прикажување на нашите е-пораки во формат „само текст“.
-
Аналитика и оптимизација: Следете ги инструкциите подолу за да спречите собирање податоци за вашите посети на веб-локациите на Mozilla:
- Google: Инсталирајте го Додатокот за прелистувач за откажување од Google Analytics, којшто ги чува вашите посети анонимни и забранува пренесување податоци до Google Analytics. Некои страници на Mozilla.org користат чисти GIF-датотеки коишто комуницираат со DoubleClick со цел да ја мериме ефикасноста на нашите рекламни кампањи; може да ги контролирате персонализираните реклами од DoubleClick во поставките за реклами на Google (ќе ви биде побарано да се најавите на вашата сметка на Google).
- Optimizely: Откажете на www.mozilla.org или, за повеќе информации, посетете ја веб-локацијата за откажување на Optimizely.
- Yahoo: посетете Ad Interest Manager за да се откажете.
- ShareProgress: Функцијата „Не ме следи“ може да ја вклучите во вашиот прелистувач.
-
Друштвени медиуми: Копчињата на веб-локациите на Mozilla што служат за споделување на друштвени медиуми се дизајнирани така што не споделуваат податоци со друштвениот медиум сѐ додека не го кликнете соодветното копче.
Некои веб-локации на Mozilla ви овозможуваат да купувате (на пр. апликации или опрема) или да донирате. Овие трансакции ги обработува трета страна, а не Mozilla.
-
Обработка на плаќањата: Mozilla не добива никакви финансиски информации што се пренесуваат од вас до нашите даватели на услуги за обработка на плаќања. Името на третата страна ќе се прикаже во моментот на трансакцијата.
-
Спречување измама: Mozilla користи технологија на трета страна, односно технологијата Invisible reCAPTCHA на Google, којашто работи во заднина кај некои од нашите веб-локации со цел да идентификува измамнички активности. Користењето на Invisible reCAPTCHA е регулирано со Политиката на приватност и Условите на користење на Google.