Mozilla

Mozilla Privacy

Политика на приватност на Mozilla

Вашата приватност е важен фактор што Mozilla (тоа сме ние) го зема предвид при развивањето на сите наши производи и услуги. Се стремиме да бидеме транспарентни и отворени. Во Политиката на приватност на Mozilla генерално се објаснува како ги добиваме информациите за вас и што правиме со тие информации откако ќе ги добиеме. За повеќе информации во врска со сите наши производи и услуги, може да ги прочитате и нашите известувања за приватност за производите, како и Често поставуваните прашања (ЧПП).

Што значат „лични информации“ за нас?

За нас, „лични информации“ се информациите што ве идентификуваат, на пр. вашето име или адреса на е-пошта.

Сите други информации се „нелични информации“.

Ако ги меморираме вашите лични информации со информации што не се лични, оваа комбинација ќе ја сметаме за лични информации. Ако ги отстраниме сите лични информации од одреден збир податоци, тогаш преостанатите информации се не-лични.

Како дознаваме информации за вас?

Информации за вас дознаваме кога:

  • ни ги давате директно (на пр. кога избирате да ни испраќате извештаи за уривања);
  • ги собираме автоматски преку нашите производи и услуги (на пр. кога проверуваме дали вашата верзија на Firefox е ажурирана);
  • некој друг ни соопштува информации за вас (на пр.Thunderbird работи со вашите провајдери на е-пошта при поставувањето на вашата сметка); или
  • кога се обидуваме и дознаваме повеќе за вас врз основа на информациите што сте ни ги дале (на пр. кога ја користиме вашата ИП-адреса за да го приспособиме јазикот за некои од нашите услуги).

Што правиме со вашите информации откако ќе ги добиеме?

Кога ни давате лични информации, ќе ги користиме на начини за кои сте ни дале дозвола. Генерално, вашите информации ги користиме за да ни помогнат во обезбедувањето и подобрувањето на нашите производи и услуги наменети за вас.

Кога ги споделуваме вашите информации со други?

  • Кога ќе добиеме ваша дозвола да ги споделуваме.
  • За обработување или обезбедување производи и услуги за вас, но само доколку субјектите што ги добиваат вашите информации се договорно обврзани да ракуваат со податоците на начини што се одобрени од Mozilla.
  • Кога ја исполнуваме нашата мисија за отвореност. Понекогаш објавуваме информации за да ги подобриме нашите производи и за да поттикнуваме отворен интернет, но кога го правиме тоа, ги отстрануваме сите ваши лични информации и се обидуваме да ги откриеме информациите на начин со којшто се минимизира ризикот да бидете повторно идентификувани.
  • Кога тоа се бара со закон. Го почитуваме законот секогаш кога добиваме барања за вас од влада или барања во врска со тужба. Кога на овој начин ќе ни биде побарано да предадеме ваши лични информации, ќе ве известиме, освен ако е законски забрането да го сториме тоа. Кога добиваме вакви барања, вашите лични информации ќе ги откриеме само ако добронамерно сметаме дека тоа го бара законот. Во оваа политика нема ништо што е наменето за ограничување на какви било законски одбрани или приговори што би можеле да ги имате на барањето од трета страна за откривање информации.
  • Кога сметаме дека тоа е потребно за да спречиме ваша или нечија друга повреда. Вашите информации ќе ги споделиме на овој начин само доколку добронамерно сметаме дека тоа е навистина потребно за заштита на вашите права, имот или безбедност или на другите наши корисници, Mozilla или јавноста.
  • Доколку се промени нашата организациска структура или статус (ако претрпиме преструктуирање, преземање или банкротирање) може да ги пренесеме вашите информации на наследник или партнер.

Како ги меморираме и штитиме вашите лични информации?

Откако ќе ги добиеме вашите лични информации, ние сме посветени на нивната заштита. Спроведуваме физички, деловни и технички безбедносни мерки. Доколку дознаеме дека безбедноста била загрозена и покрај нашите напори, ќе ве известиме за да можете да преземете соодветни мерки за заштита.

Исто така, не сакаме да ги чуваме вашите лични информации подолго отколку што ни се потребни, па ги чуваме само доволно долго за да го направиме тоа за што биле собрани тие информации. Кога информациите повеќе нема да ни бидат потребни, преземаме чекори за нивно уништување, освен ако законски се бара од нас да ги чуваме подолг период.

Што друго сакаме да знаете?

Ние сме глобална организација и нашите компјутери се наоѓаат на неколку различни локации во светот. Користиме и даватели на услуги чиишто компјутери исто така може да се наоѓаат во различни земји. Тоа значи дека вашите информации можат да завршат на некој од тие компјутери во друга земја, а таа земја може да има различно ниво на прописи за заштита на податоци, во споредба со прописите во вашата земја. Со самото давање на информациите, се согласувате со овој вид пренесување на вашите информации. Без разлика во која земја се наоѓаат вашите информации, ги почитуваме применливите закони, а ќе се придржуваме и до нашите обврски од оваа политика на приватност.

Доколку имате помалку од 13 години не сакаме да добиваме ваши лични информации и не смеете да ни ги давате. Ако сте родител и сметате дека вашето дете под 13-годишна возраст ни има дадено лични информации, контактирајте со нас за да ги отстраниме информациите на вашето дете.

Што ако ја измениме оваа политика на приватност или некое од нашите известувања за приватност?

Можеби ќе треба да ја измениме оваа политика и нашите известувања. Измените ќе бидат објавени на интернет. Ако измените се значителни, тоа ќе го објавиме преку вообичаените начини на Mozilla за пренесување такви соопштенија, како што се објави на блогови и форуми. Доколку по датумот на применување на таквите измени продолжувате да ги користите производот или услугата, тоа значи дека ги прифаќате измените. Со цел да ви овозможиме подобра прегледност, датумот на применување на измените го поставуваме во горниот дел од страницата.

Contact Mozilla

If you want to make a correction to your information, or you have any questions about our privacy policies, please get in touch with:

Mozilla Corporation
Attn: Legal Notices - Privacy
331 E. Evelyn Ave,
Mountain View, CA 94041