Mozilla

Изјава за приватност за Firefox OS

Mozilla се грижи за вашата приватност. Кога Firefox OS ни испраќа информации, нашата Политика на приватност на Mozilla опишува како ракуваме со тие информации.

Работи што треба да ги знаете

  • Ажурирања: За да се ажурира постојано, Firefox OS се поврзува автоматски со услуга со којашто управува производителот на вашиот уред или со којашто се управува во негово име. Исто така, Firefox OS автоматски проверува дали за инсталираните апликации има ажурирања испраќајќи барање до Firefox Marketplace или доколку сте инсталирале апликација од друга локација, испраќа барање до услугите од производителот на таа апликација.
  • Локација: Кога ги вклучувате услугите за лоцирање, Firefox OS може да користи повеќе податочни точки и субјекти за да ја пресмета вашата локација, вклучително и GPS, AGPS и други даватели на услуги за геолоцирање. Услугите за лоцирање може да ги оневозможите во апликацијата Firefox OS Settings на вашиот уред. Дознајте повеќе за Условите на AGPS (Давателот на услугата).
  • Првична активација: По првичната активација на уредот со Firefox OS, Firefox OS испраќа еднократен пинг со податоци до Mozilla (на пр. податоци во врска со конкретниот уред, како што се верзијата на софтверското издание, ИД на партнерот, земја и големина на екранот) што и помага на Mozilla да одлучи дали се потребни безбедносни ажурирања и важни поправки за нашите корисници и партнери, да утврди побарувања за програмерите на апликации за да можат да прават подобри апликации за нашите корисници, но исто така и помага на Mozilla при анализата на пазарот (на пр. да утврди колку уреди биле активирани). Дознајте повеќе
  • Употреба на апликации: За да го подобри откривањето на содржините на Firefox Marketplace, Firefox OS испраќа „Информации за употреба на апликациите“ (на пр. време на активна употреба, број на отворања/затворања/урнувања, список со деинсталираните апликации на уредите со Firefox OS) до Mozilla. Споделувањето на информации за употребата на апликациите може да го оневозможите во апликацијата “Settings” (Поставки) во Firefox OS на вашиот уред. Дознајте повеќе
  • Информации за пребарувачот: За да го подобри пребарувањето со уредите со Firefox OS, Firefox OS испраќа информации до Mozilla за тоа кој пребарувач обезбедил резултати од пребарување за уредот. Споделувањето на информации за резултатите од пребарување на пребарувачот може да го оневозможите во апликацијата “Settings” (Поставки) во Firefox OS на вашиот уред. Дознајте повеќе

  • Ако користите апликации што не се произведени од Mozilla, ќе важат политиките на приватност на соодветните производители.
  • Firefox OS ви овозможува да користите неколку интегрирани услуги од други производители, како што се вашата е-пошта или друштвена мрежа. За користење на овие услуги ќе важи политиката на приватност на тие услуги.

Контактирајте нѐ