Услови за употреба на веб-локации и комуникации

23 јуни, 2016 г.

Услови за употреба

1. Вовед

Внимателно прочитајте ги условите од целиот овој документ („Услови“), бидејќи тука се наведени вашите права и одговорности кога ги посетувате веб-локациите на Mozilla („Веб-локации“) или поврзаните новости, друштвени медиуми, билтени, складишта со изворен код и е-пораки(заедно со веб-локациите, колективно наречени “Комуникации”). Пристапувајќи до или регистрирајќи се за добивање Комуникации, се согласувате за вас да важат овие Услови.

Нашите Веб-локации вклучуваат повеќе домени, како на пример mozilla.org, mozillians.org, firefox.com, mozillafestival.org, openstandard.com, openbadges.org и webmaker.org. Нашите Веб-локации можеби ќе ги препознаете и по нивните прекари, како на пример Bugzilla@Mozilla, BMO, MozWiki, MoPad, Webmaker, MozReps, MDN, Marketplace, One and Done, SUMO и AMO. Некои наши Веб-локации ве поврзуваат со врски, апликации или додатоци што ги обезбедуваат други страни и кои се предмет на посебни Услови.

2. Регистрација на сметка

Некои Веб-локации бараат од вас да регистрирате сметка за да пристапите до дополнителните функции на Веб-локацијата или до друга услуга на Mozilla. Ако е применливо, ќе ви бидат претставени дополнителните услови. Вие сте одговорни за сите активности во рамки на вашата сметка.

Некои Веб-локации ви овозможуваат да креирате корисничко име за време на регистрацијата. Употребата на вашето корисничко име мора да биде во согласност со нашата Политика за прифатлива употреба.

3. Лиценцирање содржина

Нашите Комуникации вклучуваат содржини какви што се написи, слики, фотографии, коментари, софтверски код, аудио и видео снимки и други материјали (заеднички наречени „Содржини“). Автори на Содржините се Mozilla, соработници на проекти на Mozilla и други извори.

Содржините создадени од Mozilla генерално се достапни за јавно споделување и повторна употреба преку отворени лиценци какви што се Creative Commons (за експресивен материјал) или Јавна лиценца на Mozilla (за софтверски код). Во повеќето случаи, од соработниците на Mozilla бараме да ги објавуваат содржините под отворени лиценци.

Некои Содржини во нашите Комуникации ги добиваме од други извори, коишто забрануваат понатамошна употреба на нивните Содржини без претходна дозвола. Таму каде што е возможно, во подножјето на Содржините или Веб-локациите се прикажува известување за применливата лиценца. Се согласувате да се придржувате до ваквите известувања. Имајте ги предвид следните работи:

  • Некои Содржини изречно укажуваат дека авторот нема намера да се применува отворена лиценца. Треба да стапите во контакт со авторот или застапникот на авторот за да добиете дозвола за употреба на таа Содржина. Прашања за авторските содржини на Mozilla може да испраќате до: licensing@mozilla.org.
  • Некои Содржини содржат трговски марки, трговски дизајн, логоа и брендови на Mozilla и на други страни („Заштитни знаци“). Освен во неколку ограничени околности, Заштитните знаци не смеат да се користат без претходна писмена дозвола од сопственикот на Заштитниот знак.  Дознајте повеќе за заштитните знаци на Mozilla.
  • Софтверот што го користат нашите Веб-локации е лиценциран под лиценцата MPL или слични нерестриктивни лиценци за софтвер со отворен код. За повеќе информации околу конкретната лиценца, видете го соодветниот изворен код или складиштето GitHub.

4. Поднесување содржини

Може да придонесувате со Содржини кога ги користите нашите Комуникации, вклучително, но не ограничувајќи се на коментирање на напис, блогирање, придонесување код или графика или писмен материјал (познати како „Поднесок“). Освен ако вашиот Поднесок е направен под посебен договор со Mozilla (а во тој случај ќе важи тој договор), тогаш

за Поднесоците до проектите за софтвер со отворен код на Mozilla:

  • Се согласувате да го лиценцирате вашиот Поднесок под условите на соодветната лиценца на конкретниот проект за отворен код кон којшто придонесувате. За повеќе информации околу конкретната лиценца, видете го соодветниот изворен код или складиштето GitHub.

За сите други Поднесоци, се согласувате со следново:

  • Вие гарантирате дека вашата Поднесена содржина ќе биде во согласност со овие Услови, [Услови за употреба]на Мozilla (https://www.mozilla.org/about/legal/acceptable-use/)и со други дополнителни услови што можеби се однесуваат на вашата Поднесена содржина.
  • Со ова ни давате неексклузивна лиценца без авторски хонорар, што може да се применува низ целиот свет и да се дава како под-лиценца (на оние со коишто соработуваме) за употреба на вашата Поднесена содржина во врска со Комуникациите и промоција на мисијата, производите и услугите на Mozilla на интернет или локално.
  • Потврдувате дека до вашите Поднесени содржини може да пристапуваат други регистрирани корисници на услугата или јавноста.
  • Ако вашата Поднесена содржина содржи експресивен материјал или софтверски код, се согласувате да ја лиценцирате на начин којшто е компатибилен со конкретната Веб-локација на која поднесувате содржина.
  • Гарантирате дека ги имате потребните права за давање на правата наведени овде и дека употребата што се подразбира во рамките на овие Услови, нема да ги прекрши сопственичките права или правата на интелектуална сопственост на која било трета страна.
  • Разбирате и се согласувате дека Mozilla го задржува дискреционото право да врши преглед, да менува или да отстранува Поднесени содржини, за коишто верува дека се навредливи или ги прекршуваат овие Услови.

5. Политика на приватност и колачиња

Политиката на приватност за веб-локации на Mozilla, комуникации и колачиња го опишува начинот на којшто ракуваме со информациите што ги добиваме од вас во врска со нашите Комуникации. Политиката на приватност, на пример објаснува дека на нашите веб-локации поставуваме одредени колачиња, но исто така и начинот на којшто може да ги исклучите.

6. Комуникации и настани

Ако се претплатите за нашиот билтен или пак регистрирате сметка во врска со која било од нашите Веб-локации, може да добивате трансакциска е-пошта за вашата сметка (на пример, ажурирања на правни работи, како и информации за приватност и безбедност).

Некои наши Веб-локации имаат интернет алатки што ви овозможуваат да испраќате е-пошта на други. На пример, може да ги поканите вашите контакти на настани користејќи ја вашата сметка Webmaker. Се согласувате да не ги злоупотребувате адресите на е-пошта на други лица (на пример, испраќајќи им спам-пораки).

Други Веб-локации, какви што се MozReps и Webmaker, имаат алатки што им овозможуваат на корисниците да организираат физички настани на коишто може да присуствува секој. Бидете внимателни и направете добра процена кога планирате да присуствувате на настани.

7. Извештаи за злоупотреба

Повеќе информации за поднесување жалба за злоупотреба на авторски права или заштитни знаци може да најдете овде: https://www.mozilla.org/about/legal/report-abuse/.

8. Рок; Прекинување

Овие Услови ќе продолжат да важат додека не ги прекинете вие или Mozilla. Може да изберете да ги прекинете во кое било време и поради каква било причина со тоа што ќе прекинете да ги користите нашите Комуникации, и ако е применливо, со бришење на вашата сметка.

Може да го суспендираме или да го прекинеме вашиот пристап до нашите Комуникации во кое било време и поради каква било причина, вклучително, но без ограничување, доколку со причина сметаме дека: (i) сте ги прекршиле овие Услови, нашата Политика за прифатлива употреба или друга релевантна политика; (ii) создавате ризик или можна законска одговорност за нас; или (iii) нашето обезбедување на Комуникациите повеќе не е исплатливо.

Во сите вакви случаи, овие Услови ќе престанат да важат, освен следните делови, коишто и понатаму ќе продолжат да се применуваат: Обесштетување, Одрекување од одговорност; Ограничување на одговорност, Разно.

9. Обесштетување

Се согласувате да ги браните, обесштетите и чувате од штета Mozilla, нејзините изведувачи, соработници, даватели на лиценци и партнери, како и нивните директори, претставници, вработени и застапници („Обесштетени страни“) од и против какви било побарувања и трошоци на трети страни, вклучително и адвокатски хонорари, што произлегуваат од или се поврзани со вашата употреба на нашите Комуникации (вклучително и од какви било Содржини што сте ги поставиле).

10. Одрекување од одговорност; Ограничување на одговорност

КОМУНИКАЦИИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ „КАКВИ ШТО СЕ“ СО СИТЕ ГРЕШКИ. MOZILLA И ОБЕСШТЕТЕНИТЕ СТРАНИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО ГАРАНЦИИ ДЕКА КОМУНИКАЦИИТЕ НЕМААТ ДЕФЕКТИ, ГАРАНЦИИ ЗА МОЖНОСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ПАЗАР, ЗА СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И ЗА НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВА, ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН. ГО СНОСИТЕ ЦЕЛИОТ РИЗИК ВО ВРСКА СО УПОТРЕБАТА НА КОМУНИКАЦИИТЕ ЗА ВАШИ ЦЕЛИ И ВО ВРСКА СО КВАЛИТЕТОТ И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА КОМУНИКАЦИИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И РИЗИКОТ ОД БРИШЕЊЕ ИЛИ ДЕФЕКТ НА ВАШИОТ ХАРДВЕР, СОФТВЕР ИЛИ СОДРЖИНА, ОД НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП НА НЕКОЈ ДРУГ ДО ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ ОД ЗЛОУПОТРЕБА ИЛИ ПРИСВОЈУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДНЕСЕНИ СОДРЖИНИ ОД ДРУГ КОРИСНИК. ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ ЌЕ ВАЖИ И ДОКОЛКУ НЕ СЕ ОСТВАРИ ОСНОВНАТА ЦЕЛ НА КАКОВ БИЛО ПРАВЕН ЛЕК. НЕКОИ ЈУРИЗДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИНДИРЕКТНИТЕ ГАРАНЦИИ, ТАКА ШТО ОВА ОДРЕКУВАЊЕ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖИ ЗА ВАС.

ОСВЕН КАКО ШТО Е ПРЕДВИДЕНО СО ЗАКОН, MOZILLA И ОБЕСШТЕТЕНИТЕ СТРАНИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НИКАКВИ ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КАКОВ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО ОВИЕ УСЛОВИ ИЛИ СО КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА, ДИРЕКТНИ И ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ ЗА ЗАГУБА НА ДОБРА ВОЛЈА, ЗАСТОЈ НА РАБОТАТА, ЗАГУБА НА ПРОФИТ, ЗАГУБА НА ПОДАТОЦИ И КОМПЈУТЕРСКИ ДЕФЕКТ ИЛИ ГРЕШКА, ДУРИ И АКО БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ЗА ТАКВИ ШТЕТИ И БЕЗ ОГЛЕД НА ТЕОРИЈАТА (ДОГОВОР, ПРЕКРШОК ИЛИ ДРУГО) ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ТАКВОТО ПОБАРУВАЊЕ. КОЛЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ НА MOZILLA И ОБЕСШТЕТЕНИТЕ СТРАНИ СОГЛАСНО ОВОЈ ДОГОВОР НЕМА ДА НАДМИНЕ 500 $ (ПЕТСТОТИНИ ДОЛАРИ). НЕКОИ ЈУРИЗДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛУЧАЈНИТЕ, ПОСЛЕДИЧНИТЕ ИЛИ ПОСЕБНИТЕ ШТЕТИ, ТАКА ШТО ОВА ИСКЛУЧУВАЊЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.

11. Измени на овие Услови

Ние може повремено да ги ажурираме овие Услови со цел да опфатиме нова функција на Комуникациите или да објасниме некоја одредба. Ажурираните Услови ќе бидат објавени на интернет. Ако станува збор за поголеми промени, ажурирањето ќе го објавиме преку нашите вообичаени канали за такви објави, какви што се блоговите, банерите, е-пошта или форумите. Доколку продолжите да ги користите нашите Комуникации по датумот на стапување во сила на таквите промени, тоа значи дека ги прифаќате таквите промени. За полесно прегледување, датумот на стапување во сила ќе го поставуваме во горниот дел на оваа страница.

12. Разно

Овие Услови го сочинуваат целокупниот договор меѓу вас и Mozilla во врска со нашите Комуникации и ги истиснуваат сите претходни верзии на овие Услови. Комуникациите и овие Услови се уредени со законите на државата Калифорнија, САД, со исклучок на одредбите за конфликт на закони. Сите жалби и спорови што произлегуваат од Комуникациите или овие Услови ќе бидат решавани исклучиво во судовите на Округот Санта Клара, Калифорнија, а вие се согласувате лично да бидете под надлежност на овие судови. Доколку се утврди дека некој дел од овие Услови е неважечки или не може да се спроведе, преостанатите делови ќе останат во сила. Во случај на конфликт меѓу преведена верзија на овие Услови и верзијата на англиски јазик, ќе важи верзијата на англиски јазик. Во случај на конфликт меѓу овие Услови и релевантните дополнителни услови, ќе важат дополнителните услови.

13. Контактирајте со нас

Mozilla Attn: Mozilla – Legal Notices
331 E. Evelyn Ave.,
Mountain View, CA 94041
USA
Телефон: 650-903-0800
Факс: 650-903-0875
Правни известувања на mozilla.com