Услови на користење

Услугите на Mozilla не смеете да ги користите:

  • за вршење незаконски дејствија со кои се прекршуваат важечките закони;
  • за упатување закани, вознемирување или прекршување на правата на приватност на други лица, за испраќање небарани комуникации или за пресретнување, следење и менување комуникации што не се наменети за вас;
  • за прекршување на „Правилата за учество во заедницата на Mozilla“ (за повеќе информации, видете https://www.mozilla.org/about/governance/policies/participation/);
  • за да им нанесувате штета на корисниците со користење вируси, шпионски или злонамерен софтвер, црви, тројанци, темпирани бомби или какви било други злонамерни кодови или инструкции;
  • за прибирање информации со кои се открива личниот идентитет, вклучително, но без ограничување на имиња на сметки или адреси на е-пошта;
  • за вршење дејствија со коишто се попречуваат или прекинуваат услугите или производите на Mozilla (или серверите и мрежите поврзани со услугите на Mozilla);
  • за умножување, дуплирање, копирање, продажба, тргување или препродажба на услугите или производите на Mozilla за какви било цели;
  • за прекршување на авторските права или правата на трговски марки, или за повреда на правата на интелектуална сопственост на други лица;
  • за прикачување, преземање, емитување, прикажување или овозможување пристап до содржини што:
    • се незаконски или промовираат незаконски дејствија;
    • се несоодветни, на пр. непристојни или порнографски материјали, графички прикази на сексуалност или насилство, или пак слики на кои е прикажана експлоатација или повредување на деца;
    • прекршуваат нечии права, вклучително и права на интелектуална сопственост или други сопственички права или пак права на приватност или публицитет;
    • се измамнички, лажни или наменети за кражба на идентитет;
    • се осмислени да промовираат коцкање;
    • рекламираат или поттикнуваат незаконски или контролирани производи или услуги;
    • понижуваат, заплашуваат, поттикнуваат насилство или дејства засновани врз предрасуди кон одредено лице или група, според возраст, пол, раса, етничка припадност, потекло, религија, сексуална ориентација, попреченост, географска локација или друга заштитена категорија, или содржини што сочинуваат говор на омраза;
    • со измама наведуваат корисник да донесе одлука за купување.

Списоков е илустративен, не е конечен и може да се ажурира.

Mozilla го задржува правото да отстранува содржини или да суспендира корисници коишто смета дека ги прекршуваат овие услови или важечките одредби за користење на производот.