Firefox

Сурфање според локацијата

Firefox може да им каже на страниците каде се наоѓате со цел да најдете информации кои се порелевантни и покорисни. Со ова мрежата станува попаметна, но на начин кој целосно ја почитува Вашата приватност. Пробајте!

Често поставувани прашања

Што е сурфање според локацијата?

Страниците на Интернет што користат сурфање според локацијата ќе Ве прашаат каде се наоѓате со цел да Ви претстават релевантни информации или да Ви заштедат време во пребарувањето. Да речеме дека барате ресторан во Вашето соседство. Страницата ќе може да Ве праша каде се наоѓате, така што кога ќе внесете „ресторан“ ќе ги добиете информациите што ги барате, без да внесувате дополнителни информации или да пребарувате.

Ако пак сакате да најдете мапа за да стигнете некаде, страницата ќе знае од каде тргнувате, па с? што треба да внесете е каде сакате да стигнете.

Овој сервис се нуди како опција. Firefox не ги споделува Вашите информации за локација без Ваша дозвола, а кога ќе дозволите тоа се прави со највисока почит кон Вашата приватност. И како и сите други елементи во Firefox, сервисот е направен со користење на отворени стандарди со цел да се олесни понатамошниот развој.

Како работи?

Кога ќе посетите страница на Интернет што е може да користи информации за локацијата, Firefox ќе Ве праша дали сакате да ја споделите Вашата локација.

Ако се сложите, Firefox ќе прибере информации за блиските точки на пристап и IP адресата на вашиот компјутер. Потоа Firefox ќе ги испрати овие информации до сервисот кој снабдува информации за гео-лоцирање. На крај, проценката за локацијата ќе се сподели со страницата на Интернет.

Ако не се сложите, Firefox нема да направи ништо.

Колку точно се одредуваат локациите?

Точноста се разликува од локација до локација. На некои места, локацијата може да се одреди со точност од неколку метри. Но на некои други места, разликата може да е значително поголема. Сите локации кои ги снабдуваат овие сервиси се проценки и ние не гарантираме дека се точни. Ве молиме да не ги користите овие информации во случаи на итност. Пристапете им на информациите со здрав разум.

Кои информации се праќаат, и на кого? Како е заштитена мојата приватност?

Вашата приватност е многу важна за нас, и Firefox никогаш не ја споделува Вашата локација без Ваша дозвола. Кога ќе посетите страна која бара Ваши информации, ќе бидете прашани пред какви било инфомации да бодат споделени со страната која ги бара и нашиот сервис провајдер.

Во основа, Firefox ги користи Google Location Services за да ја утврди Вашата локација со испраќање на:

  • IP адресата на Вашиот компјутер,
  • информации за бежичните пристапни точки, и
  • рандом клиент идентификатор, кој е назначен од Google, и истекува секој 2 недели.

За целосен опис на информациите кои се собираат и користат од Firefox, погледнете ја Firefox Полисата за приватност (in English).

Google Location Services ја враќа вашата приближна гео-локација (пр., латитуда и лонгитуда). За целосен опис на информациите кои се собираат и користат од страна на Google, погледнете ја Google Полисата за гео-локациска приватност (in English).

Информациите се разменуваат на енкриптирана конекција за да се осигура Вашата приватност. Откако Firefox ги има информациите за Вашата локација, ги предава на страната. Никогаш Вашата локација или страната која ја посетувате, ниту пак Вашите колачиња, се споделени со Google Location Services.

Ниту Mozilla или Google ќе ги користата информациите собрани од Google Location Services за да Ве идентификуваат или да шпиунираат на Вас.

За информации во врска со тоа што прави страната која ги бара информациите со Вашата локација, обратете се на полисата за приватност на таа страна.

За повеќе информации во врска со Вашата приватност, прочитајте ги и:

Дали некој ме селди додека сурфам на нет?

Не. Firefox единствено ја бара Вашата локација ако некоја страна направи барање за тоа, и ја споделува Вашата локација само кога корисникот ќе го потврди барањето. Firefox не ја следи и зачувува Вашата локација додека прелистувате на интернет.

Како да повратам дозвола кон некоја страна?

Ако сте му дозволиле на Firefox секогаш да ја дава Вашата локација на некој сајте и потоа се предомислите, можете лесно да ја вратите назад дозолата. Еве како:

  • Одете на страната на која што и имате дадено дозвола
  • Одете во Алатки менито, а потоа одберете Информации за страната
  • Одберете го Дозвола јазичето
  • Сменете ги подесувањата кај полето Пристап до вашата местоположба

Како комплетно да го исклучам сурфањето според локација?

Сурфањето според локација е опција во Firefox. Информациите за Вашата местоположба никогаш не се испраќаат без Ваша дозвола. Ако сакате целосно да го оневозможите следете ги следните чекори:

  • Во лентата за адреси внесете: about:config
  • Внесете geo.enabled
  • Кликнете два пати на geo.enabled
  • Суфрањето според локација сега е оневозможено