Сакате да помогнете? Супер! Не треба да бидете гуру за C++ (нити да знаете што тоа значи!) и не треба да посветите многу време.
Едноставни начини да помогнете
- Кажете му на Вашето семејство, пријатели и колеги за производите на Mozilla
- Помагајте на други луѓе на нашите форуми за поддршка
- Приклучете се на тимот за маркетинг и помогнете во нашите кампањи кои ги организира заедницата
- Испраќајте податоци за уривањето на програмите до програмерите
- Стапете во контакт со страниците кои не работат добро со производи на Mozilla
- Донирајте во Фондацијата Mozilla
За оние со технички способности
- Приклучете се во тимот за проверка на квалитет и пријавувајте бубачки и други проблеми кои треба да се отстранат
- Помогнете во пишувањето или уредувањето на документацијата за програмери
- Помогнете во пишувањето или уредувањето на документацијата за крајни корисници
- Придонесете во богатиот екосистем на Firefox со развивање на додаток
- Поправете бубачка или придонесете со код во проектот
