Добро за мрежата.
Добро за светот.

Mozilla не е традиционална софтверска компанија. Ние сме глобална заедница посветена на создавање на производи и технологии кои се слободен софтвер и кои го подобруваат искуството кое луѓето насекаде го имаат на Интернет. Ние сме програмери, продавачи, тестери и промотери од целиот свет кои работат со цел мрежата да остане отворен, заеднички и јавен ресурс. Веруваме дека отворените стандарди даваат избор и овозможуваат иновации и дека секому, секаде, му следува најбезбедно, најбрзо и најдобро можно искуство на Интернет.

Нашите наградувани слободни софтверски производи и технологии им се нудат бесплатно на сите луѓе во повеќе од 40 јазици.

Дирекцијата на Mozilla е во Маунтин Вју, Калифорнија, а регионални канцеларии има во Оукленд, Пекинг, Копенхаген, Токио, Торонто и Париз.