Mozilla

mozilla

Mozilla манифест

Вовед

Интернет станува сѐ позначаен дел од нашите животи.

Проектот Mozilla е глобална заедница од луѓе кои веруваат дека отвореноста, иновациите и можностите се клучни за понатамошното зачувување на здравјето на Интернетот. Работиме заедно од 1998 година за да се осигураме дека Интернетот се развива на начин што ќе им носи корист на сите. Најпознати сме по создавањето на прелистувачот Mozilla Firefox.

Проектот Mozilla користи пристап втемелен на заедница со цел да произведе светски признат врвен софтвер со отворен код и да развие нови видови на заедничка соработка. Ние создаваме заедници од луѓе кои се вклучени во создавање на подобро доживување на Интернет за сите нас.

Како резултат на овие напори, составивме принцпи за кои мислиме дека се клучни за Интернетот да продолжи да дава придонес во јавните и комерцијалните аспекти на животот. Овие принцпи се наведени во продолжението на текстот.

Целите на манифестот се:

  1. да ја пренесе визијата за Интерент што учесниците во Mozilla сакаат фондацијата Mozilla да ја следи;
  2. да разговара со луѓето без разлика дали имаат или неаат техничко познавање;
  3. да ги направи помагачите на Mozilla горди за тоа што го прават и да нѐ мотивира да продолжиме; и
  4. да обезбеди рамка за други луѓе да ја можат да ја шираат оваа идеја за Интернет.

Овие принципи нема сами да заживеат. Потребни се луѓе за да го направиме Интернет отворен и подготвен за учество - како поединци, како дел од групи или како предводници на други луѓе. Фондацијата Mozilla е посветена на ширење на принципите наведени во овој манифест. Ги каниме сите да се приклучат и да го направат Интернет уште подобро место за сите.

Принципи

  1. Интернетот е составен дел на модерниот живот, клучна компонента во образованието, комуникацијата, соработката, бизнисот, забавата и општеството во целина.
  2. Интернетот е глобален јавен ресурс што мора да остане отворен и пристапен.
  3. Интернетот мора да ги збогатува животите на поединците.
  4. Личната безбедност и приватност на Интерент е елементарна потреба и не може да се третира како избор.
  5. Поединците мора да имаат можност да го обликуваат Интернет и своето доживување на него.
  6. Ефективноста на Интернетот како јавен ресурс зависи од интероперабилноста (протоколи, формати на податоци, содржина, иновациите и децентрализираното учество низ целиот свет.
  7. Слободноит софтвер и софтверот со отворен код го промовираат развојот на Интернетот како јавен ресурс.
  8. Транспарентните процеси во заедницата промовираат учество, одговорност и доверба.
  9. Вклучувањето на компаниите во развојот на Интернет може да биде корисно, но нужност е да се одржува рамнотежа помеѓу корпоративниот профит и јавниот интерес.
  10. Зголемувањето на аспеките на Интернетот како јавно добро е важна цел, во која вреди да се инвестира време, внимание и посветеност.

Ширење на манифестот на Mozilla

Постојат различни начини за ширење на принцпите на манифестот на Mozilla. Добредојден е широк спектар на актинвости и ја очекуваме истата креативност што учесниците во Mozilla покажале во другите делови на проектот. За поединците кои не се длабоко вклучени во проектот Mozilla, еден основен и многу ефективен начин да го поддржат манифестот е да го користат Mozilla Firefox и другите производи кои ги отелотворуваат принципите на манифестот.

Ветување на фондацијата Mozilla

Фондацијата Mozilla ветува дека ќе го поддржува манифестот на Mozilla во своите активности. Поточно, ние ќе:

  • градиме и овозможуваме технологии базирани на отворен код и заедници што ги поддржуваат принципите на манифестот;
  • градиме и испорачуваме одлични потрошувачки производи што ги поддржуваат принципите на манифестот;
  • користиме имотот на Mozilla (авторските права и трговските марки, инфраструктурата, финансиските средства и репутацијата) за да го зачуваме Интернетот како отворена платформа;
  • промовираме модели за создавање на економски вредности како јавно добро; и
  • промовираме принципите на манифестот на Mozilla во јавната дебата и во рамките на интернет индустријата.

Некои активности на фондацијата - моментално, создавањето, испораката и промовирањето на потрошувачки произвдои - се остваруваат преку корпорацијата Mozilla, подружница која е во целосна сопственост на фондацијата.

Покана

Фондацијата Mozilla ги поканува сите други кои ги поддржуваат принцпите на манифестот на Mozilla да ни се приклучат и да пронајдат нови начини оваа визија за Интернетот да стане реалност.